јануари 4, 2022

Скопје, 4. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, при што се регистрирани 1.197 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 766
• Битола 94
• Прилеп 56
• Кавадарци 38
• Велес 31
• Охрид 24
• Гевгелија 23
• Куманово 18
• Ресен 16
• Тетово 15
• Штип и Струмица по 12
• Кочани 11
• Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш по 10
• Делчево и Валандово по 7
• Струга и Богданци по 5
• Гостивар и Свети Николе по 4
• Македонски Брод 3
• Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (55, 82 и 88 години) и Битола (60, 69 и 90 години), 2 лица од Охрид (68 и 79 години) и по едно починато лице од Прилеп (68 години), Велес (68 години), Валандово (41 години) и Струга (88 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 3 лица, по едно лице од Скопје (72 години), Валандово (85 години) и Гевгелија (82 години). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 02.01.2022 година.

Регистриран e 331 оздравен пациент од:

• Скопје 174
• Прилеп 30
• Битола 21
• Кавадарци 16
• Охрид 13
• Штип 12
• Гевгелија и Куманово по 9
• Струмица 8
• Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија по 4
• Тетово, Кочани и Делчево по 3
• Неготино и Валандово по 2
• Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука