февруари 5, 2022

Скопје, 5. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 5.693 тестирања, при што се регистрирани 1.500 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 775
• Кавадарци 74
• Битола 66
• Куманово 60
• Тетово 56
• Велес 49
• Гостивар 45
• Прилеп 44
• Охрид 42
• Струмица 38
• Кичево и Неготино по 32
• Гевгелија 30
• Кочани 28
• Радовиш 22
• Штип 18
• Струга 11
• Свети Николе и Дебар по 10
• Крива Паланка и Богданци по 9
• Валандово 8
• Делчево 6
• Ресен 5
• Демир Хисар 4
• Виница, Пробиштип, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија, Пехчево и Дојран по 2
• Берово, Кратово и Крушево по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75 и 87 години), Куманово (72 и 80 години) и Тетово (80 и 89 години), и по едно починато лице од Гостивар (62 години), Демир Капија (73 години), Прилеп (61 години) и Струга (84 години). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1) и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57 до 82 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 13.01.2021 до 03.02.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (n=16), 3 лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 522 оздравени пациенти од:

• Скопје 209
• Охрид 79
• Тетово 46
• Г0остивар 38
• Струга 36
• Делчево 13
• Кичево 12
• Битола 11
• Струмица 10
• Кавадарци 9
• Гевгелија и Кочани по 8
• Велес 7
• Ресен 6
• Радовиш 5
• Неготино, Свети Николе, Дебар, Богданци и Виница по 4
• Прилеп и Македонска Каменица по 2
• Дојран 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука