февруари 2, 2022

Скопје, 2. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.667 тестирања, при што се регистрирани 1.543 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 784
• Битола 98
• Куманово 81
• Кавадарци 59
• Тетово 58
• Струмица 45
• Прилеп 44
• Велес 41
• Гостивар 39
• Неготино 31
• Кочани 29
• Кичево 28
• Охрид 27
• Радовиш 24
• Штип 20
• Струга и Валандово по 17
• Свети Николе и Ресен по 15
• Гевгелија 14
• Делчево 12
• Крива Паланка 10
• Богданци 9
• Пробиштип, Демир Хисар и Македонска Каменица по 5
• Кратово 4
• Берово 2
• Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.543), регистрирани се 220 реинфекции и една втора реинфекција. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (63, 72, 72, 73, 74, 78, 79, 85 и 90 година), 3 починати лица од Прилеп (56, 69 и 76 година), 2 починати лица од Охрид (84 и 89 година) и по едно починато лице од Битола (84 година), Кичево (74 година), Куманово (83 година) и Ресен (63 година). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 8 починати лица, Скопје (3), Пробиштип (1), Штип (1), Струмица (1), Делчево (1) и Гостивар (1). Починатите се на возраст од 41 до 81 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 04.01.2021 до 29.01.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), 12 лица се целосно вакцинирани, а кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистриран e 1.961 оздравен пациент од:

• Скопје 784
• Струмица 144
• Кавадарци 127
• Битола 88
• Охрид 68
• Штип 64
• Велес 62
• Гевгелија 58
• Куманово 56
• Валандово 50
• Неготино 40
• Прилеп 39
• Струга 35
• Тетово 34
• Гостивар 29
• Кичево и Свети Николе по 28
• Крива Паланка 23
• Ресен и Делчево по 20
• Кочани 19
• Радовиш 18
• Богданци 12
• Берово 8
• Виница, Пробиштип, Демир Капија, Пехчево и Дојран по 5
• Македонски Брод 4
• Демир Хисар 3
• Кратово 2
• Дебар, Крушево и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.798.697 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470, а бројот на активни случаи изнесува 14.336. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука