јануари 11, 2022

Скопје, 11. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 7.724 тестирања, при што се регистрирани 1.964 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 1.070
• Битола 226
• Прилеп 122
• Куманово 52
• Охрид 51
• Валандово 44
• Радовиш 35
• Велес 32
• Гевгелија 31
• Кавадарци 29
• Тетово и Кочани по 22
• Гостивар и Крушево по 21
• Струга и Струмица по 20
• Кичево и Крива Паланка по 17
• Ресен и Богданци по 13
• Штип, Неготино и Делчево по 12
• Свети Николе 10
• Кратово 9
• Демир Хисар 8
• Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по 4
• Дебар, Виница и Македонска Каменица по 2, Демир Капија 1

Поради технички проблем во системот „Мој Термин“ во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82 и 87 години), 2 починати лица од Прилеп (74 и 86 години) и по едно починато лице од Ресен (67 години), Струга (71 години) и Крива Паланка (39 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66 и 78 години) и по едно починато лице од Скопје (71 години), Битола (78 години), Делчево (70 години) и Кавадарци (76 години), починати во период од 30.12.2021 до 08.01.2022 година. Починатите се на возраст од 66 до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука