декември 6, 2021

Скопје, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.299 тестирања, при што се регистрирани 101 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 59
• Кавадарци 10
• Битола 8
• Прилеп 7
• Штип 3
• Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино по 2
• Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (39, 71, 74, 77, 80 и 81 години), 2 починати лица од Куманово (75 и 80 години), и по едно починато лице од Берово (77 години), Битола (69 години), Велес (71 години), Македонска Каменица (35 години) и Ресен (76 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021 година. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови.

Регистрирани сe 393 оздравени пациенти од:

• Скопје 123
• Битола и Охрид по 37
• Кавадарци 20
• Велес и Крива Паланка по 19
• Прилеп 15
• Кочани 13
• Тетово и Куманово по 12
• Штип и Струга по 9
• Кратово 7
• Ресен, Берово, Делчево и Демир Хисар по 6
• Неготино, Валандово и Радовиш по 5
• Гевгелија, Свети Николе и Виница по 3
• Струмица , Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран по 2
• Кичево, Крушево и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука