октомври 3, 2022

Скопје, 3. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 30-ти септември до 2-ри октомври 2022 година), направени се 976 тестови, при што се регистрирани 108 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 83
• Прилеп 5
• Штип 4
• Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово по 2
• Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод по 1

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.

Регистрирани сe 135 оздравени пациенти од:

• Скопје 90
• Прилеп 7
• Охрид 6
• Битола 5
• Тетово 4
• Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово по 3
• Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес по 2
• Ресен, Крива Паланка и Берово по 1

Во текот на изминатите 3 дена (од 30-ти септември до 2-ри октомври 2022 година) пријавени се 3 починати лица. Две починати лица од Охрид (81 и 89 години) и едно починато лице од Кратово (72 години), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука