септември 8, 2022

Скопје, 8. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 672 тестови, при што се регистрирани 109 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 57
• Кавадарци 10
• Прилеп 7
• Куманово и Штип по 4
• Гевгелија и Охрид по 3
• Берово, Битола, Крива Паланка, Ресен, Струга, Струмица и Тетово по 2
• Валандово, Велес, Делчево, Кочани, Кратово, Неготино и Свети Николе по 1

Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 27 реинфекции.

Регистрирани сe 130 оздравени пациенти од:

• Скопје 74
• Битола 14
• Берово 12
• Кавадарци 8
• Тетово 6
• Кочани 4
• Свети Николе 3
• Штип, Гевгелија и Кратово по 2
• Велес, Гостивар и Неготино по 1

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Струга (76 години). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.156.655 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.370, бројот на оздравени пациенти е 330.602, на починати е 9.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.265. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука