12 охридски семејства во трка за најубаво новогодишно украсен двор или балкон

Охрид, 30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – 12 кандидати аплицирале на конкурсот што го објави општина Охрид за избор на најубаво новогодишно  украсен двор или балкон во Охрид.

Од локалната за Ohridpress информираа дека комисијата формирана од градоначалниот веќе направила обиколка по домовите на пријавените граѓани. При оценувањето се воделе од неколку критериуми и тоа да биде запазена природноста и естетиката на просторот, како и композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

За најдобрите предвидени се три парични награди во висина од 10 000, 6 000 и 4 000 денари.

Објавувањето на наградените ќе биде по новогодишните празници.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top