април 20, 2022

Скопје, 20. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.908 тестирања, при што се регистрирани 127 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 57
• Битола 24
• Охрид 7
• Прилеп и Велес по 5
• Струга, Берово и Валандово по 4
• Кавадарци и Кичево по 3
• Куманово и Струмица по 2
• Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Македонска Каменица по 1

Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82 години) и Охрид (91 години), едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, пријавени во периодот од 02.04. до 12.04.2022 година.

Регистрирани сe 123 оздравени пациенти од:

• Скопје 68
• Битола 19
• Струмица 7
• Кавадарци и Гостивар по 4
• Велес, Штип и Струга по 3
• Прилеп, Кичево и Гевгелија по 2
• Куманово, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш и Виница по 1

Досега во земјата се направени вкупно 2.000.910 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а бројот на активни случаи изнесува 802. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука