октомври 25, 2021

Скопје, 25. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.514 тестирања, при што се регистрирани 135 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 91
• Куманово 14
• Кавадарци 7
• Струга 4
• Прилеп 3
• Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар по 2
• Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (67 и 79 години), Крива Паланка (67 и 76 години) и Куманово (73 и 74 години) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82 години), Охрид (80 години), Прилеп (74 години), Пробиштип (64 години) и Штип (70 години). Од пријавени лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 330 оздравени пациент од:

• Скопје 116
• Куманово 28
• Велес 23
• Прилеп 15
• Крива Паланка, Штип и Кочани по 14
• Кавадарци и Битола по 9
• Свети Николе, Гевгелија и Кратово по 6
• Кичево и Ресен по 4
• Пробиштип 3
• Виница, Неготино и Македонска Каменица по 2
• Гостивар, Радовиш и Крушево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука