април 10, 2022

Скопје, 10. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.046 тестирања, при што се регистрирани 142 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 79
• Битола 26
• Прилеп и Охрид по 7
• Кавадарци, Велес и Кичево по 4
• Куманово 3
• Гостивар и Кочани по 2
• Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе по 1

Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 28 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (7), кај 6 починати лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (64 и 85 години) и по едно починато лице од Прилеп (73 години) и Велес (58 години). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2) и Тетово (1), на возраст од 78 години до 87 години. Пријавените лица се починати во период од 16.03.2022 до 19.03.2022 година. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови.

Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од:

• Скопје 78
• Битола 10
• Кавадарци и Охрид по 4
• Куманово и Гевгелија по 3
• Струмица 2
• Делчево 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.983.540 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.796, бројот на оздравени пациенти е 297.164, на починати е 9.251, а бројот на активни случаи изнесува 1.381. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука