јануари 31, 2015

Волсбург,31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Волфсбург синоќа го декласираа Баерн Минхен со 4-1 во првиот натпревар со кој стартува вториот дел од сезоната во бундеслигата.

„Волците“ со одлично поставената тактика и од контранапади целосно го надиграа актуелниот првак кој синоќа  делуваше немоќно.

По два гола за Волсбург постигнаа  Бас Дост и Де Брујне додека голот за Баерн го постигна Хуан Бернат.

Ова беше прв пораз за Баерн Минхен оваа сезона.

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука