ноември 8, 2021

Скопје, 8. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.309 тестирања, при што се регистрирани 156 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 91
• Кавадарци 19
• Битола 13
• Прилеп и Куманово по 8
• Кочани 3
• Струга 2
• Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (76, 78, 79 и 82 години) и по едно починато лице од Кавадарци (61 години), Штип (38 години), Прилеп (66 години), Велес (47 години), Свети Николе (82 години) и Берово (35 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 326 оздравени пациент од:

• Скопје 135
• Куманово 30
• Кавадарци 23
• Штип 21
• Битола и Крива Паланка по 18
• Прилеп 17
• Велес 14
• Кочани 11
• Тетово, Кратово и Неготино по 6
• Пробиштип 5
• Богданци и Виница по 3
• Кичево и Гостивар по 2
• Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Крушево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.409.078 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, на починати е 7.242, а бројот на активни случаи изнесува 7.859. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука