септември 13, 2022

Скопје, 13. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24  часа, направени се 1.088 тестови, при што се регистрирани 165 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 91
• Куманово и Прилеп по 11
• Кавадарци 9
• Велес 7
• Охрид и Берово по 4
• Битола, Тетово и Струмица по 3
• Гостивар, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија , Кратово и Крушево по 2
• Ресен, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар по 1

Од вкупниот број на позитивни (165), регистрирани се 39 реинфекции.

Регистрирани сe 384 оздравени пациенти од:

• Скопје 127
• Битола 51
• Прилеп 30
• Тетово 24
• Делчево 18
• Штип и Кичево по 13
• Кавадарци и Ресен по 11
• Радовиш и Крива Паланка по 10
• Велес, Охрид и Кочани по 9
• Крушево 7
• Куманово и Гостивар по 5
• Струга, Гевгелија, Неготино, Берово и Македонски Брод по 3
• Кратово и Македонска Каменица по 2
• Свети Николе, Виница и Демир Хисар по 1

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70 до 78 години. Сите лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во периодот од 5-ти до 10-ти септември 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.159.252 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.748, бројот на оздравени пациенти е 331.595, на починати е 9.515, а бројот на активни случаи изнесува 638. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука