септември 19, 2022

Скопје, 19. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 16-ти до 18-ти септември 2022 година), направени се 1.216 тестови, при што се регистрирани 173 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 123
• Битола 16
• Кавадарци 7
• Прилеп 6
• Велес 4
• Куманово, Охрид и Штип по 3
• Струмица, Ресен и Кратово по 2
• Тетово и Радовиш по 1

Од вкупниот број на позитивни (173), регистриранисе 46 реинфекции.

Регистрирани сe 186 оздравени пациенти од:

• Скопје 107
• Куманово 11
• Кавадарци и Велес по 9
• Прилеп, Кочани и Неготино по 6
• Битола 5
• Берово 4
• Тетово, Кичево, Струга и Кратово по 3
• Гостивар и Струмица по 2
• Охрид, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Крива Паланка и Пробиштип по 1

Во текот на изминатите 3 дена (од 16-ти до 18-ти септември 2022 година) пријавени се 3 починати лица, по едно лице од Скопје (69 години), Валандово (75 години) и Охрид (79 години). Лицата сепочинати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот наепидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починатие 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука