септември 17, 2021

Охрид, 17. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – 177 деца од ООУ „Братство Единство“ од Охрид се во изолација поради контакт со професори кои се позитивни на Covid-19.

Информацијата за порталот Охрид 1 ја потврдил директорот на училиштето, кој истакнал дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите препорачани од комисијата за заразни болести, но поради мал ризик се одлучиле учениците наставата одреден период да ја следат online.

– Станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца (по две од шесто, седмо и деветто одделени) и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик, вели директорот Џамал Мехмед.

Тој додава дека како училиште постојано ги следат препораките од министерството и во целост ги спроведуваат. Дезинфекциски средства има во потребни количини, често се проветрува, но сепак поради мал ризик учениците наставата ќе ја следат од дома. Што се однесува до наставниот кадар, Мехмед вели дека истиот е 98% имунизиран и дека и професорите кои во моментов се во изолација се со примени две дози на вакцина.

– Што се однесува до мене јас сум за настава со физичко присуство, но ние како училиште сме подготвени за вакви ситуации наставата во целост да ја спроведеме и online, вели директорот. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука