декември 19, 2021

Скопје, 19. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.592 тестирања, при што се регистрирани 190 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 101
• Прилеп 12
• Битола 10
• Велес и Струмица по 8
• Кавадарци, Куманово и Охрид по 7
• Ресен 6
• Штип 4
• Гевгелија, Демир Хисар и Неготино по 3
• Богданци, Делчево, Кичево и Пробиштип по 2
• Дебар, Кочани и Крива Паланка 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (46, 58 и 89 години), по 2 починати лица од Прилеп (73 и 80 години) и Охрид (59 и 88 години), по едно починато лице од Берово (53 години), Струмица (65 години), Битола (80 години), Кавадарци (80 години), Куманово (83 години), Ресен (88 години) и Кичево (91 години). Од пријавените, 13 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Регистрирани сe 193 оздравени пациенти од:

• Скопје 78
• Кавадарци 20
• Битола 18
• Прилеп 14
• Куманово 12
• Охрид 10
• Велес 7
• Делчево 5
• Штип, Гевгелија и Кратово по 4
• Струга, Неготино, Пробиштип и Македонски Брод по 2
• Тетово, Гостивар, Кичево, Ресен, Берово, Виница, Богданци, Крушево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.521.642 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.285, бројот на оздравени пациенти е 207.948, на починати е 7.815, а бројот на активни случаи изнесува 5.522. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука