април 3, 2022

Скопје, 3. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.067 тестирања, при што се регистрирани 196 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје105
• Битола 30
• Прилеп 13
• Охрид 11
• Куманово 7
• Штип и Виница по 4
• Велес, Кичево, Струга и Гевгелија по 3
• Кавадарци, Струмица и Ресен по 2
• Гостивар, Кочани, Неготино и Свети Николе по 1

Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (1) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (81 години), починато во болнички услови.

Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од:

• Кавадарци 7
• Битола 5
• Делчево 3
• Велес 2
• Гостивар, Кичево, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.969.035 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати е 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука