март 13, 2022

Скопје, 13. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.996 тестирања, при што се регистрирани 198 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 120
• Битола 15
• Прилеп 11
• Охрид 7
• Куманово и Виница по 6
• Кавадарци 5
• Тетово, Велес, Штип и Кичево по 4
• Дебар и Кратово по 2
• Гостивар, Струмица, Кочани, Струга, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар по 1

Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана е 31 реинфекција. Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (70 и 92 години) и по едно починато лице од Прилеп (73 години) и Битола (74 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 53 до 92 години. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од:

• Скопје 251
• Куманово 9
• Битола 4
• Кичево и Ресен по 3
• Кратово 2
• Тетово, Штип, Демир Хисар и Радовиш по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука