јануари 3, 2022

Скопје, 3. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.561 тестирања, при што се регистрирани 242 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 173
• Прилеп 12
• Битола 10
• Кавадарци 9
• Куманово 6
• Гевгелија 5
• Велес 4
• Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга по 3
• Кочани и Делчево по 2
• Кичево, Крива Паланка ,Дебар и Валандово по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71 и 87 години), и едно починато лице од Кавадрци (84 години), Охрид (72 години), Струга (74 години) и Ресен (80 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од:

• Скопје 101
• Битола 19
• Прилеп и Струмица по 15
• Охрид и Валандово по 11
• Тетово 10
• Куманово и Ресен по 9
• Кавадарци 8
• Велес и Кочани по 5
• Крива Паланка и Виница по 4
• Кичево, Штип, Радовиш и Македонски Брод по 3
• Гевгелија и Пробиштип по 2
• Струга, Свети Николе, Кратово, Богданци и Демир Хисар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.611.793 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.817. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука