декември 16, 2021

Скопје, 16. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.831 тестирања, при што се регистрирани 298 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 145
• Кавадарци 23
• Прилеп 17
• Битола 14
• Кичево 13
• Штип, Охрид и Струмица по 9
• Куманово и Ресен по 8
• Тетово 6
• Гевгелија 5
• Велес, Кочани и Радовиш по 4
• Крива Паланка, Виница и Валандово по 3
• Делчево и Македонска Каменица по 2
• Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Прилеп (60 години), Велес (68 години), Скопје (69 години), Кратово (55 години), Демир Хисар (57 години) и Охрид (55 години). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 09.12. до 12.12.2021 година. Починатите лица се од Битола (2), Кочани (1) и Велес (1). Починатите лица се на возраст од 77 до 85 години. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

Регистрирани сe 335 оздравени пациенти од:

• Скопје 165
• Битола 25
• Кавадарци 22
• Прилеп 15
• Кочани 12
• Куманово и Охрид по 10
• Ресен и Радовиш по 9
• Велес 8
• Штип 7
• Тетово, Крива Паланка и Делчево по 6
• Демир Хисар 5
• Берово 4
• Кичево 3
• Гостивар, Неготино и Македонска Каменица по 2
• Струмица , Гевгелија, Виница, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.512.496 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука