декември 18, 2021

Скопје, 18. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.814 тестирања, при што се регистрирани 301 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 147
• Прилеп 21
• Кавадарци 14
• Ресен 13
• Охрид 11
• Битола 10
• Делчево и Валандаво по 9
• Штип 8
• Велес и Гевгелија по 7
• Куманово и Струмица по 6
• Кичево 5
• Неготино, Кратово и Богданци по 4
• Крива Паланка , Радовиш и Виница по 3
• Пробиштип и Македонски Брод по 2
• Берово, Демир Хисар и Македонска Каменица по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Битола (79 и 90 години) и по едно починато лице од Скопје (73 години), Штип (35 години), Охрид (90 години), Крива Паланка (91 години) и Делчево (64 години). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 192 оздравени пациенти од:

• Скопје 119
• Битола 12
• Кавадарци 10
• Охрид и Кочани по 9
• Велес и Гевгелија по 6
• Неготино 5
• Куманово и Ресен по 3
• Струга и Демир Хисар по 2
• Тетово, Прилеп, Свети Николе, Кратово, Богданци и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.519.050 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, на починати е 7.801, а бројот на активни случаи изнесува 5.539. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука