декември 12, 2021

Скопје, 12. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.643 тестирања, при што се регистрирани 308 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 155
• Охрид 26
• Битола 21
• Струмица 19
• Куманово 15
• Штип 10
• Кавадарци 8
• Прилеп и Велес по 7
• Тетово 6
• Кичево и Богданци по 5
• Кочани, Гевгелија и Свети Николе по 4
• Неготино и Ресен по 3
• Виница 2
• Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (64, 67 и 86 години) и по едно починато лице од Кавадарци (80 години), Велес (92 години), Штип (68 години), Охрид (84 години) и Струмица (66 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 10.12.2021 година. Регистрираното починато лице е од Кавадарци (1). Починатото лице е на возраст од 86 години. Лицето е починато во болнички услови.

Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од:

• Скопје 110
• Битола 25
• Кавадарци и Прилеп по 17
• Куманово и Берово по 11
• Кочани 10
• Велес 9
• Штип 7
• Делчево 6
• Охрид 5
• Гостивар 4
• Свети Николе, Радовиш и Кратово по 3
• Гевгелија 2
• Неготино, Виница и Крушево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.502.730 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука