декември 17, 2021

Скопје, 17. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.740 тестирања, при што се регистрирани 327 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 159
• Кавадарци 25
• Прилеп 24
• Битола 17
• Гевгелија 13
• Охрид 12
• Куманово 9
• Свети Николе 8
• Штип 7
• Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово по 5
• Кичево и Ресен по 4
• Струмица, Кочани, Неготино и Крушево по 3
• Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2
• Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (57, 64, 72, 76, 85 и 86 години), две починати лица од Прилеп (40 и 82 години) и по едно починато лице од Битола (67 години), Кавадарци (73 години), Кочани (72 години) и Македонски Брод (70 години). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11. до 15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе (1). Починатите лица се на возраст од 57 до 88 години. Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 325 оздравени пациенти од:

• Скопје 171
• Кавадарци 28
• Прилеп 25
• Битола 18
• Куманово 13
• Кочани 9
• Радовиш 8
• Тетово и Штип по 6
• Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар по 5
• Велес и Кичево по 4
• Струмица, Гевгелија и Кратово по 2
• Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука