декември 14, 2021

Скопје, 14. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.162 тестирања, при што се регистрирани 353 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 174
• Прилеп 42
• Битола 27
• Кавадарци 22
• Куманово и Велес по 13
• Валандово 9
• Охрид 8
• Кичево, Гевгелија и Неготино по 6
• Тетово 5
• Кочани 4
• Свети Николе и Радовиш по 3
• Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци по 2
• Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67, 87 и 91 години) и по едно починато лице од Кавадарци (62 години), Кочани (69 години), Куманово (75 години), Струмица (78 години), Тетово (78 години), Велес (80 години) и Охрид (80 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11. до 07.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1). Починатите лица се на возраст од 71 до 88 години. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од:

• Скопје 235
• Битола 39
• Прилеп и Куманово по 26
• Охрид 20
• Кавадарци 15
• Струмица 13
• Кочани 11
• Велес, Берово и Демир Хисар по 7
• Радовиш и Штип по 6
• Гевгелија, Крива Паланка и Кратово по 4
• Тетово 3
• Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип по 2
• Валандово, Неготино и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука