декември 4, 2021

Скопје, 4. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.042 тестирања, при што се регистрирани 355 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 152
• Битола 38
• Кавадарци 25
• Прилеп 24
• Куманово и Охрид по 17
• Велес 14
• Радовиш 9
• Делчево 6
• Штип и Ресен по 5
• Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка по 4
• Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово по 3
• Крушево и Македонски Брод по 2
• Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72, 84 и 84 години), 2 починати лица од Охрид (51 и 55 години) и по едно починато лице од Крива Паланка (79 години), Македонска Каменица (56 години), Битола (65 години) и Куманово (62 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021 година. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Регистрирани сe 2.308 оздравени пациенти од:

• Скопје 1.153
• Велес 141
• Охрид 106
• Прилеп 105
• Битола 99
• Кавадарци 79
• Куманово 62
• Струмица 52
• Тетово и Штип по 45
• Гевгелија и Крива Паланка по 39
• Кичево и Кочани по 38
• Македонска Каменица 33
• Свети Николе 30
• Ресен 28
• Струга 25
• Делчево 23
• Радовиш 18
• Гостивар, Виница и Демир Хисар по 16
• Неготино и Валандово по 14
• Берово 12
• Богданци 6
• Крушево 4
• Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија по 3
• Кратово 2
• Дојран 1

Во последните 24 часа регистрирани се 329, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 – 31.10.2021 година.

Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи изнесува 6.069. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука