декември 7, 2021

Скопје, 7. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.744 тестирања, при што се регистрирани 375 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 180
• Прилеп 30
• Битола 28
• Кавадарци 26
• Куманово 13
• Велес 12
• Радовиш 11
• Делчево 9
• Кочани и Валандово по 8
• Крива Паланка и Ресен по 7
• Охрид 5
• Тетово и Македонски Брод по 4
• Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 3
• Струмица и Гевгелија по 2
• Струга, Неготино, Крушево и Пехчево по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (87, 78 и 62 години) и по едно починато лице од Кавадарци (60 години), Струга (83 години), Струмица (72 години), Кочани (59 години), Штип (73 години) и Свети Николе (86 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021 година. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови и пет лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од:

• Скопје 246
• Битола 43
• Прилеп 25
• Куманово 22
• Охрид 18
• Кавадарци 17
• Велес 15
• Тетово 14
• Делчево 13
• Кочани и Струмица по 10
• Крива Паланка 9
• Штип и Свети Николе по 7
• Радовиш и Гевгелија по 6
• Ресен 5
• Валандово, Струга, Неготино и Берово по 4
• Виница и Кратово по 3
• Демир Хисар, Македонска Каменица и Пробиштип по 2
• Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Дебар, Богданци и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.488.688 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука