ноември 21, 2021

Скопје, 21. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.633 тестирања, при што се регистрирани 389 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 179
• Битола 33
• Штип 25
• Куманово 20
• Прилеп 17
• Охрид 15
• Кавадарци и Струмица по 14
• Кочани и Гевгелија по 11
• Струга 7
• Тетово и Велес по 6
• Неготино и Демир Хисар по 4
• Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево по 3
• Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово по 2
• Демир Капија 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица: 7 починати лица од Скопје (92, 90, 88, 76, 72, 70 и 35 години), по 2 починати лица од Валандово (70 и 64 години), Кавадарци (74 и 71 години), Крива Паланка (88 и 78 години), и по едно починато лице од Куманово (62 години), Струмица (78 години), Свети Николе (86 години), Велес (66 години) и Тетово (49 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Во однос на 35-годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49-годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија.

Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од:

• Скопје 126
• Прилеп 42
• Струмица 26
• Битола 23
• Куманово и Кочани по 21
• Неготино 8
• Пробиштип 7
• Кавадарци и Дебар по 6
• Охрид, Демир Хисар, Делчево, Виница и Пехчево по 3
• Валандово и Богданци по 2
• Тетово, Кичево и Крива Паланка по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука