декември 1, 2021

Скопје, 1. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.674 тестирања, при што се регистрирани 410 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 185
• Битола 31
• Прилеп 22
• Охрид и Струмица по 15
• Велес, Кавадарци и Штип по 14
• Куманово 13
• Тетово и Кочани по 10
• Делчево 8
• Крива Паланка и Пробиштип по 6
• Радовиш, Валандово и Демир Хисар по 5
• Берово, Кратово и Крушево по 4
• Неготино 3
• Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2
• Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62, 69, 70, 75, 80 и 94 години), и по едно починато лице од Прилеп (88 години), Охрид (58 години), Велес (57 години), и Тетово (50 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021 година. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68 години, невакцинирано и починато во болнички услови.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од:

• Скопје 156
• Битола 26
• Куманово 14
• Кавадарци 10
• Прилеп и Охрид по 9
• Струмица и Штип по 8
• Неготино 6
• Гевгелија и Македонска Каменица по 5
• Делчево 4
• Тетово, Кратово, Свети Николе и Ресен по 3
• Велес, Радовиш, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Богданци по 2
• Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Берово, Пехчево и Кичево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука