ноември 19, 2021

Скопје, 19. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.938 тестирања, при што се регистрирани 444 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

· Скопје 190
· Битола 43
· Прилеп 27
· Кавадарци 19
· Кочани 16
· Велес и Струмица по 15
· Охрид и Берово по 13
· Ресен 11
· Куманово и Штип по 10
· Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево по 6
· Крива Паланка и Кратово по 5
· Валандово 4
· Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 3
· Радовиш и Пробиштип по 2
· Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67, 75 и 79 години) и по едно починато лице од Битола (53 години), Велес (59 години), Кавадарци (81 години), Крушево (84 години), Прилеп (66 години), Пробиштип (73 години), Радовиш (72 години) и Штип (78 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Струмица (1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Регистрирани се 467 оздравени пациенти од:

· Скопје 193
· Куманово 34
· Битола 26
· Тетово 24
· Штип 23
· Кавадарци 21
· Прилеп 19
· Кочани 18
· Велес 13
· Делчево, Крива Паланка и Неготино по 11
· Гевгелија 9
· Струмица 8
· Свети Николе и Радовиш по 6
· Берово и Пробиштип по 5
· Ресен, Кичево и Кратово по 4
· Демир Хисар и Виница по 3
· Демир Капија 2
· Охрид, Богданци, Крушево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.442.544 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука