ноември 7, 2021

Скопје, 7. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.019 тестирања, при што се регистрирани 454 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 187
• Битола 37
• Прилеп 32
• Куманово 30
• Штип 29
• Кавадарци 25
• Велес и Тетово по 17
• Охрид 12
• Кочани и Пробиштип по 9
• Крива Паланка и Ресен по 7
• Неготино 5
• Свети Николе 4
• Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица по 3
• Берово и Кичево по 2
• Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и Пехчево по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52, 53, 66, 77, 80 и 87 години), 2 починати лица од Велес (57 и 85 години), и по едно починато лице од Кочани (62 години), Битола (71 години), Куманово (73 години), Струмица (73 години), Кратово (77 години), и Кавадарци (79 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.

Регистрирани сe 236 оздравени пациент од:

• Скопје 98
• Куманово 23
• Штип 17
• Велес 16
• Кавадарци 14
• Битола 12
• Прилеп 10
• Радовиш 7
• Кочани и Пробиштип по 6
• Ресен и Берово по 4
• Свети Николе, Струмица, Делчево, Демир Хисар, Виница, Пехчево и Кратово по 2
• Гевгелија, Богданци, Кичево, Гостивар и Крушево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука