ноември 12, 2021

Скопје, 12. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.296 тестирања, при што се регистрирани 469 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

· Скопје 205
· Битола 50
· Кавадарци 35
· Прилеп 23
· Куманово и Штип по 20
· Тетово 13
· Велес и Охрид по 11
· Крива Паланка и Делчево по 9
· Кочани 7
· Гевгелија 6
· Струмица, Неготино, Ресен и Кратово по 5
· Пехчево 4
· Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар по 3
· Виница и Македонска Каменица по 2
· Струга, Берово, Богданци, Крушево, Макдеонски Брод, Демир Капија и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (44, 60 и 77 години), по 2 починати лица од Велес (73 и 80 години) и Струмица (57 и 77 години) и по едно починато лице од Прилеп (73 години), Битола (73 години), Кавадарци (75 години), Кичево (77 години), Неготино (33 години) и Крива Паланка (82 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 375 оздравени пациенти од:

· Скопје 178
· Куманово 29
· Кавадараци и Битола по 20
· Прилеп 18
· Штип 13
· Неготино 12
· Велес 11
· Кочани 10
· Тетово 9
· Свети Николе 8
· Кичево и Пробиштип по 7
· Крива Паланка и Делчево по 6
· Гевгелија и Крушево по 5
· Берово 3
· Радовиш 2
· Охрид, Ресен, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.421.951 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467, бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука