ноември 17, 2021

Скопје, 17. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.145 тестирања, при што се регистрирани 476 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

· Скопје 208
· Битола 45
· Велес 29
· Прилеп 22
· Куманово 21
· Кавадарци 18
· Охрид, Кочани и Гевгелија по 13
· Штип 11
· Делчево 8
· Берово 7
· Струмица, Неготино и Радовиш по 6
· Тетово, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар по 5
· Ресен 4
· Гостивар, Кичево, Виница, Валандово и Крушево по 3
· Пробиштип и Пехчево по 2
· Струга и Македонска Каменица по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (76 и 77 години) и Куманово (65 и 73 години) и по едно починато лице од Велес (79 години), Кавадарци (68 години), Штип (88 години), Прилеп (70 години) и Крива Паланка (40 години). Од пријавените лица осум се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 14.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Битола (1), Велес (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 57-81 години, од кои 3 лица се починати во домашни услови и едно лице во болнички услови.

Регистрирани сe 279 оздравени пациенти од:

· Скопје 137
· Куманово 28
· Кавадарци 26
· Битола 15
· Прилеп 13
· Штип 8
· Велес 7
· Кочани 6
· Охрид и Крива Паланка по 5
· Тетово и Кратово по 4
· Гевгелија и Пробиштип по 3
· Струмица, Свети Николе, Демир Хисар, Кичево и Богданци по 2
· Делчево, Неготино, Ресен, Македонска Каменица и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.436.695 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука