октомври 21, 2021

Скопје, 21. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, при што се регистрирани 490 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 223
• Куманово 38
• Прилеп 33
• Велес 32
• Штип 24
• Битола 20
• Кавадарци 19
• Охрид 17
• Крива Паланка 16
• Кочани 10
• Кичево 8
• Македонска Каменица 6
• Гевгелија 5
• Струмица, Радовиш и Пробиштип по 4
• Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар по 3
• Гостивар, Струга и Неготино по 2
• Свети Николе, Ресен и Богданци по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (83, 80, 78 и 66 години), 3 починати лица од Куманово (93, 69 и 48 години), 2 починати лица од Прилеп (79 и 35 години) и по едно починато лице од Струмица (67 години) и Радовиш (79 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од:

• Скопје 143
• Велес 10
• Кавадарци 8
• Куманово 7
• Штип 5
• Кочани 4
• Гевгелија и Радовиш по 3
• Прилеп, Битола, Неготино, Свети Николе и Пробиштип по 2
• Тетово, Охрид, Кичево, Ресен, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука