ноември 13, 2021

Скопје, 13. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 4.323 тестирања, при што се регистрирани 528 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

· Скопје 200
· Битола 53
· Прилеп 42
· Кавадарци 34
· Велес 24
· Кочани 22
· Штип 19
· Куманово 18
· Охрид 13
· Струмица и Гевгелија по 10
· Крива Паланка и Пробиштип по 9
· Кратово и Демир Хисар по 7
· Тетово, Ресен и Валандово по 6
· Гостивар и Неготино по 4
· Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево по 3
· Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија по 2
· Македонска Каменица, Дојран и Пехчево по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63, 66, 74 и 78 години), 2 починати лица од Свети Николе (76 и 84 години) и едно починато лице од Кавадарци (65 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86 години, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 327 оздравени пациенти од:

· Скопје 133
· Битола 37
· Куманово 27
· Кавадараци 19
· Тетово 18
· Велес 14
· Штип и Охрид по 10
· Прилеп 8
· Кочани, Струмица и Крива Паланка 7
· Гевгелија, Валандово и Кичево по 4
· Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш по 3
· Неготино и Крушево по 2
· Кратово и Гостивар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.426.274 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 ијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука