ноември 23, 2021

Скопје/Охрид, 23. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Охрид (Охрид, Струга и Дебар) со две дози вакцина против COVID-19 се имунизирани 46,2% од населението над 12 години.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 20-ти ноември со две дози вакцини се имунизирани 60% охриѓани, што е и највисок опфат меѓу трите општини. Во Струга опфатот е 40,9%, а во Дебар 31,9% што е и меѓу најниските на државно ниво.

Со ова Охрид е на второ место во Македонија, веднаш зад Неготино, според бројката на вакцинирани граѓани.
Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 47,7% односно 44,1% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 38,4%. Најголем дел од лицата вакцинирани со две дози припаѓаат на возрасната група од 25-49 години.

И понатаму, од недела во недела расте интересот за примање трета доза вакцина. На почетокот од месецов „бустер“ доза имаа примено 43.376 лица, за сега од 14-ти до 20-ти ноември бројката да се искачи на 63.134, односно во ноември трета доза вакцина примиле 19.758 лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука