февруари 24, 2022

Скопје, 24. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.818 тестирања, при што се регистрирани 631 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 337
• Велес 45
• Битола 32
• Куманово 30
• Кавадарци 26
• Прилеп 24
• Тетово и Охрид по 18
• Струмица 17
• Кичево 15
• Гостивар 8
• Неготино и Дебар по 7
• Гевгелија, Ресен и Крива Паланка по 6
• Штип и Делчево по 5
• Кочани, Струга и Радовиш по 3
• Пробиштип и Богданци по 2
• Свети Николе, Виница, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево по 1

Од вкупниот број на позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (75 и 91 години) и по едно починато лице од Куманово (81 години), Кавадарци (70 години), Струга (81 години) и Прилеп (67 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74 до 92 години. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022 година. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Регистриран сe 910 оздравени пациенти од:

• Скопје 504
• Битола 43
• Куманово, Кавадарци и Велес по 37
• Прилеп 28
• Тетово 27
• Охрид 21
• Струмица и Струга по 18
• Кичево и Гевгелија по 16
• Гостивар 15
• Радовиш 13
• Штип 12
• Свети Николе 11
• Неготино 10
• Ресен 8
• Валандово 6
• Кочани и Берово по 5
• Виница 4
• Крива Паланка и Богданци по 3
• Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар по 2
• Пробиштип, Крушево, Демир Капија, Пехчево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.880.891 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.712, бројот на оздравени пациенти е 281.582, на починати е 8.968, а бројот на активни случаи изнесува 5.162. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука