октомври 4, 2022

Скопје, 4. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 745 тестови, при што се регистрирани 75 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 52
• Куманово, Прилеп и Велес по 3
• Гевгелија, Неготино и Берово по 2
• Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово по 1

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 23 реинфекции.

Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од:

• Скопје 47
• Битола 11
• Прилеп 7
• Ресен 6
• Куманово 5
• Штип 4
• Кичево и Радовиш по 3
• Тетово 2
• Кавадарци, Велес, Гостивар, Неготино, Богданци и Пехчево по 1

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, регистрирани се две починати лица од Скопје (56 години) и Кавадарци (84 години), починати во период од 21-ви септември до 2-ри октомври 2022 година, лицата се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.164.862 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, бројот на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539, а бројот на активни случаи изнесува 446. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука