јануари 17, 2022

Скопје, 17. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.748 тестирања, при што се регистрирани 766 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 521
• Битола 33
• Куманово 32
• Струмица 23
• Кавадарци 20
• Прилеп 19
• Штип 17
• Охрид 16
• Струга и Гевгелија по 9
• Кичево и Ресен по 8
• Велес 7
• Гостивар 6
• Тетово 5
• Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово по 4
• Неготино и Крива Паланка по 3
• Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2
• Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица по 1

Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63, 65, 80 и 81 години), 2 починати лица од Битола (80 и 82 години) и по едно починато лице од Охрид (58 години), Гевгелија (72 години), Кавадарци (67 години), Крива Паланка (74 години), Кочани (48 години) и Демир Хисар (82 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 3-ти до 11-ти јануари 2022 година. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 486 оздравени пациенти од:

• Скопје 339
• Битола 26
• Прилеп 23
• Кавадарци 18
• Тетово 14
• Штип 11
• Куманово, Гевгелија и Крива Паланка по 8
• Струмица и Велес по 6
• Кичево 4
• Валандово и Радовиш по 3
• Неготино 2
• Охрид, Ресен, Гостивар, Свети Николе, Богданци, Кочани и Виница по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи е 16.397. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука