Охрид, 1. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло, особено на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 10. степени.
– Преку денот ќе има умерено наоблачување и ќе биде релативно топло, особено на повисоките места. Под влијание на два слабо изразени влажни брана, во вторник изутрина и во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен и од среда ќе услови заладување. Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд и снег ќе има во четврток, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес