септември 27, 2022

Скопје, 27. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 787 тестови, при што се регистрирани 81 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 56
• Прилеп 5
• Битола, Кратово и Куманово по 3
• Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип по 2
• Берово, Гевгелија и Кичево по 1

Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од:

• Скопје 54
• Битола 9
• Прилеп 6
• Куманово 3
• Тетово и Кавадарци по 2
• Велес 1

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, на починати е 9.531 а бројот на активни случаи изнесува 378. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука