февруари 19, 2022

Скопје, 19. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.078 тестирања, при што се регистрирани 838 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 430
• Велес 52
• Битола 42
• Куманово 40
• Тетово 34
• Прилеп 33
• Струмица 23
• Кавадарци 22
• Кичево 19
• Неготино 17
• Охрид 16
• Штип 15
• Гостивар 14
• Гевгелија и Ресен по 12
• Кочани 10
• Радовиш 9
• Струга 8
• Дебар 7
• Крива Паланка 4
• Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар по 3
• Богданци 2
• Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево по 1

Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69, 73, 76, 77, 77, 80, 81, 83, 84 и 85 години), 3 починати лица од Тетово (64, 72 и 74 години) и по едно од Кочани (70 години), Кратово (84 години), Крива Паланка (71 години), Куманово (68 години), Неготино (83 години), Прилеп (83 години) и Струмица (78 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77 до 86 години. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022 година. Починатите лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти од:

• Скопје 413
• Битола 98
• Кавадарци 97
• Велес 91
• Тетово 61
• Гостивар 49
• Струмица 43
• Куманово и Кичево по 41
• Неготино 38
• Гевгелија 29
• Свети Николе 25
• Охрид 19
• Кочани 15
• Прилеп 14
• Штип и Крива Паланка по 10
• Демир Капија 8
• Ресен и Валандово по 7
• Виница 6
• Струга и Дебар по 5
• Богданци 3
• Делчево 2
• Демир Хисар, Крушево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.866.119 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 292.660, бројот на оздравени пациенти е 275.948, на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7.821. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука