септември 16, 2022

Скопје, 16. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24  часа, направени се 656 тестови, при што се регистрирани 89 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 44
• Прилеп 7
• Битола и Велес по 6
• Куманово, Кавадарци и Охрид по 4
• Ресен 3
• Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка по 2
• Струмица, Кочани и Струга по 1

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 26 реинфекции.

Регистрирани сe 125 оздравени пациенти од:

• Скопје 82
• Битола 8
• Куманово и Велес по 6
• Кавадарци 4
• Неготино и Берово по 3
• Прилеп, Охрид, Струга и Крива Паланка по 2
• Тетово, Гостивар, Штип, Кратово и Крушево по 1

Во текот на изминатите 24 часа, е пријавено едно починато лице од Струмица(71 години), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, на починати е 9.521, а бројот на активни случаи изнесува 689. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука