април 15, 2022

Скопје, 15. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.688 тестирања, при што се регистрирани 96 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 55
• Битола 17
• Штип 4
• Прилеп и Кавадарци по 3
• Велес, Гостивар и Струмица по 2
• Куманово, Тетово, Охрид, Кичево, Неготино, Ресен, Радовиш и Берово по 1

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 14 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години. Пријавеното лице е починато на 4-ти април 2022 година, во домашни услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет.

Регистрирани сe 177 оздравени пациенти од:

• Скопје 81
• Битола 24
• Охрид 12
• Кавадарци 8
• Гостивар и Кичево по 7
• Прилеп 6
• Куманово, Ресен и Делчево по 5
• Струмица 4
• Гевгелија и Свети Николе 3
• Неготино 2
• Тетово, Радовиш, Виница, Крушево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.992.684 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.390, бројот на оздравени пациенти е 298.099, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.030. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука