декември 2, 2019

Скопје/Охрид, 2. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – По повод „Ноември-месец на науката“, кој секоја година традиционално се одржува во зградата на Природно-математички факултет во Скопје, и оваа година на 30-ти ноември се одржа натпревар во експерименти за учениците од средно образование од областа на природните науки.

На натпреварот учествуваа тимови од нашата гимназија од областа на Биологија и Географија.

Од областа на Биологија ученичката Дарија Крлевска од I година ја освои првата награда под менторство на професор Николина Трпоска.

Втората награда ја освои ученичката Викторија Војдиноска од II година под менторство на професор Николина Трпоска.

Третата награда од областа на Биологија ја освои ученикот Огнен Секулоски од III година под менторство на професор Марија Питошеска.

Од областа на Георгафија трето место освои ученичката Анамари Крстевска од III година под менторство на професор Менка Ѓореска.

Исто така на настанот учествуваа и ученици во слободни активности од областа на Биологија кои се здобија со сертификати за учество на настанот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука