декември 2, 2019

Охрид, 2. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 4-ти декември, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“.

– Со литургијата која ќе започне во 08:45 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, г. Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука