декември 4, 2019

Охрид, 4. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, Охрид постигнаа забележителен успех на „Училишните игри без граници“, кои во организација на Извидничкиот одред „Пионер“, се оддржаа на 3-ти декември 2019 година, во спортскиот центар „Климент Колески“.

ОУ „Ванчо Николески“ учествуваше со вкупно 6 екипи, и тоа: 2 екипи од четврто одделение, 2 екипи од петто одделение и 2 екипи од шесто одделение.

Екипите од ова училиште ги постигнаа следниве резултати:

– I место, учениците од IV a одделение
– I место, учениците од V б одделение
– II место, учениците од IV б одделение
– II место, учениците од VI a одделение
– III место, учениците од VI б одделение

Image may contain: 9 people, people smiling, people standing

– Овие ученици се стекнаа и со два ваучери за учество на заеднички камп во текот на летниот распуст. Целта на овој проект е развивање на психомоторните способности (досетливост, брзина, спретност, вештини), како и тимски и натпреварувачки дух, во што учениците од ова училиште се покажаа како најдобри, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука