декември 24, 2019

Охрид, 24. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид вечерва ќе одржи Новогодишен концерт, кој традиционално се одржува секоја година.

Учениците, поддржани од нивните ментори, ќе покажат што научиле во текот на годинава.

На програмата се дела од познати композитори како и композиции за новогдишните и божикни празници.

Концертот ќе се одржи во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Олгица“ со почеток во 19:00 часот, а влезот е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука