декември 25, 2019

Охрид, 25. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните од католичка вероисповед денес го прославуваат Божик, Денот на Христовото раѓање.

Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

Во Црквата Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт во Охрид синоќа, на Бадник, се одржа вечерна миса, а денес се празнува Божик.

Католичките верници денеска ги отвораат вратите на своите домови за гости, а ги отвораат и срцата. Радост ги исполнува домовите. Исчистените и украсените домови ги осветлуваат четирите адвентски свеќи. По една се пали на ручекот, секоја недела до Божик.

Традиционално за Божик приготвуваат сарма и печено месо, печена мисирка, но и многу слатки. Католички Божиќ не може да се замисли без присуството на членовите од семејството. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука