јануари 10, 2020

Охрид, 10. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Течат подготовките за чествувањето на најмасовна црковно-народна манифестација, празникот „Богојавление- Водици“ и Денот на рибарите во Охрид.

Дебарско-кичевската епархија во соработка со општина Охрид, јавните претпријатија, Црвен крст и останатите соработници и оваа година го организира еден од најмасовните празници во Охрид и пошироко.

Покрај црковниот дел, локалната подготви и богата музичка програма во пресрет на празникот. На 18-ти овој месец ден пред големиот празник Богојавление концерт ќе одржи хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, а на 20-ти, на Денот на рибарите настапува фолк пејачот Миле Кузманоски. Сите концерти ќе се одржуваат на Градскиот плоштад во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука